Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го откри најтешкиот момент за него откако пристигна на Островот.
На прес-конференцијата пред дербито со Манчестер Сити, кое се игра во недела од 17:30 часот, Клоп вели дека најтешко му паднала трагедијата на навивачот на Црвените, Шон Кокс, кој после 18 месеци повторно ќе гледа натправар на Ливерпул.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кокс во април 2018. година, пред полуфиналето во ЛШ против Рома навивачите на римскиот клуб го нападнале и повредиле. Се здобил со тешки повреди на главата, а и натаму има потешкотии со говорот.
„Тоа беше најтешкиот момент во мојата кариера во Ливерпул. Такво нешто не смее да се случи. Генерално во животот, а нормално и во фудбалот.“ – истакна Клоп и додаде:
„Се надевам дека љубовта спрема клубот му ја даде потребната сила за рехабилитација. Се надевам дека можеме да организираме да се сретнеме пред натпреварот. Навистина го посакувам тоа.“