Ливерпул е на чекор од првото големо засилување, па медиумите тврдат дека во следните денови треба да биде комплетиран трансферот на Мохамед Салах од Рома.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓутоа тоа не е се, Клоп сака да го донесе и голгетерот на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг и да направи „напад од соништата“.
Обамејанг сака да ја промени средината, ПСЖ се откажа поради преголемите барања, Реал не е доволно убеден во неговите квалитети, па сега единствена опција за Габонецот е Ливерпул.
Наводно „црвените“ се спремни да ја платат сумата од 70 милиони евра која ја бара Борусија Дортмунд и да му ја исполни желбата на Клоп повторно да соработува со Обамејанг.
Доколку се реализира овој трансфер, Ливерпул ќе го формира еден од најдобрите напади во Премиер лигата, па и во Европа.
Обамејанг на самиот врв, а зад него Салах, Сане, Фирмињо и Кутињо…звучи навистина застрашувачки.