Дома Фудбал Англија Клоп ги загрижи навивачите со коментарот за повредата на Алисон

Клоп ги загрижи навивачите со коментарот за повредата на Алисон

Алисон Бекер вчера се повреди во првиот натпревар на Ливерпул во сезоната во Премиер лигата.

Голманот на Ливерпул се повреди при едно исфрлување на топката кон средината на првото полувреме после што мораше да го напушти теренот.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Коментарот на Клоп за неговата повреда ги загрижи навивачите.

„Почуствува како некој да го удрил и тоа сигурно не е истегнување, спортистите ќе знаат за што зборувам. Искрено да ви кажам многу сум загрижен, ќе видиме колку ќе паузира“, изјави Клоп.

Освен Адриан Ливерпул нема ниту еден друг голман затоа што Ирецот Келехер се опоравува од скршената рака.

„Не е спремен, но почна да тренира. Останатите? Дете од 16 години не може да брани, а другиот доживеа повреда на лактот пред почетокот на сезоната“, зборуваше Клоп за момците од младинските категории.

Алисон сигурно нема да биде дел од тимот за Суперкупот против Челзи, останува да видиме колкава пауза го чека. Германецот има доверба во Адриан кој во шест сезони во Вест Хем бранеше на 125 натпревари, но ниту еднаш не застана помеѓу стативите минатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Де Зерби може да седне на клупата на „Олд Трафорд“

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…