Дома Останати Кошарка НБА Клиперси убедливи против Бостон, Кливленд ги изненади Рапторси, ноќта ја обележија Ибака и Крис (ВИДЕО)

Клиперси убедливи против Бостон, Кливленд ги изненади Рапторси, ноќта ја обележија Ибака и Крис (ВИДЕО)

Шест натпревари беа одиграни изминатата ноќ во НБА лигата, а најинтересно беше на натпреварот помеѓу Кливленд и Торонто.

Кливленд изненадувачки славеше со 126:101, а натпреварот како и целата вечер во НБА лигата ја обележија Серж Ибака и Маркес Крис. Овие двајца во еден момент од средбата буквално се степаа и си разменија по неколку удари. Судијата без размислување ги исклучи и двајцата. Сигурно дека после ова и двајцата ги очекува жестока казна од раководството на НБА лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најефиксни на овој натпревар беа Секстон кој уфрли 28 поени, додека кај Торонто Леонард беше најрасположен со 25 поени и девет скокови.

Од останатите резултати ќе ја издвоиме победата на Хјустон против Шарлот. Хјустон славеше со 118:106. Победа оствари и екипата на Оклахома на гости кај Јута. Лос Анџелес Клиперси беа убедливи на свој паркет против Бостон со 104:119.

Останати резултати:

Вашингтон – Сакраменто 121:115

Бруклин – Детроит 103:75

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…