Дома Останати Кошарка НБА Клиперси подобри од Голден Стејт, Јанис го сруши Хјустон со трипл-дабл (ВИДЕО)

Клиперси подобри од Голден Стејт, Јанис го сруши Хјустон со трипл-дабл (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни три натпревари.

Лос Анџелес Клиперси ја забележаа и втората победа на почетокот на најсилнатал ига во светот откако го победија Голден Стејт Вориорс со 141:122.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Клиперси беа многу повеќе прецизни од шутевите од игра, а беа и многу подобри во одбраната. Вориорсите од друга страна многу се мачеа со бројните промашувања и не можеа да парираат на расположениот ривал.

Екипата од Лос Анџелес натпреварот го започна многу подобро и водеше со 14:0. Иако Голден Стејт неколку пати се доближуваше на -4, поблиску не можеше. На полувремето Клиперси имаа предност од 65:54.

Многу лошо екипата на Стив Кер одигра во третата четвртина. Му дозволија на ривалот во еден момент да оди и на +31. Тогаш веќе стануваше јасно кој ќе ја однесе победата во овој натпревар.

Лу Вилијамс уфрли 22 поени, запиша 3 скока и осум асистенции. Каваи Леoнард броеше до 21, додаде уште 5 скока и 9 асистенции. Патрик Петерсон уфрли 20 поени и имаше 3 скока. Ивица Зубац стигна до дабл-дабл со 16 поени и 10 скокови.

На друга страна Стеф Кари имаше 23 поени и по 4 скокови и исто толку асистенции, додека Ди Анџело Расел постигна 20 поени и 8 асистенции.

Јанис Антетокумпо го предводеше Милвоки до победа над Хјустон со 117:111.

Иако Рокетси имаа предност во текот на три четвртини, Бакси собраа сили да ја свратат ситуацијата во своја корист во последните 12 минути.

За пресврттот на Бакси најзаслужен беше минатогодишниот МВП, Јанис Антетокумпо кој натпреварот го заврши со трипл-дабл од 30 поени, 13 скокови и 11 асистенции.

Грчкиот кошаркар така стана првиот кошаркар на Бакси кој стигнал до трипл-дабл во првиот натпревар во сезоната.

Ерсан Илаисов запиша 12 поени и 11 скокови, додека Крис Мидлтон имаше 11 поени и 8 скокови. Расел Вестбрук беше располжен во своето официјално деби за Рокетси и натпреварот го заврши со 24 поени, 16 скокови и 7 асистенции. Џејмс Харден додаде 19 поени, 7 скокови и  14 асистенции.

Во третиот натпрвер Детроит на свој паркет беше подобар од Атланта со 100:117.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Ѓоковиќ ја објасни разделбата со Иванишевиќ: Не знам дали ќе имам нов тренер

Новак Ѓоковиќ во Белград зборуваше за разделбата со Горан Иванишевиќ и истакна дека помеѓу…