Дома Останати Кошарка НБА Клиперси одново ја шокираа „Оракл Арената“, Хјустон нов полуфиналист на Западот (ВИДЕО)

Клиперси одново ја шокираа „Оракл Арената“, Хјустон нов полуфиналист на Западот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперси направија ново изненадување и изминатата ноќ во „Оракл Арената“ во Оукелнд одново славеа против Голден Стејт. Овој пат беше 129:121.

Вориорсите имаа предност во серијата од 3:1, но со овој триумф Клиперси се доближија на една победа заостанување и серијата ја враќаат на домашен паркет.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во првата четвртина екипите се менуваа во водство, како и на почетокот на втората, а дури пред заминувањето на одмор Клиперси направија предност од осум поени и тогаш се најавуваше дека можат одново да изненадат.

Шансите за тоа станаа поголеми кога на стартот на второто полувреме стигнаа до максимални 15 поени предност.

Вориорси таа предност успеаа да да ја стигнат, дури и го превземаа водството, но Клиперси се вратија и одново отидоа на +10 и до крајот на натпреварот ја сочуваа предноста.

На Вориорси не им помогна ниту неверојатниот настап на Кевин Дурант кој постигна 45 поени и додаде шест асистенции и исто толку скокови. Кари уфрли 24, а Томпсон 22.

На другата страна во победничкиот тим најрасположен беше Лу Вилијамс со 33 поени, седум помалку додаде Данило Галинари, солиден беше и Мотерези Харел со 24 поени.

https://youtu.be/TcTgILzGljk

Вчера беше одигран и уште еден натпревар од кој веќе го знаеме првиот полуфиналист на Западот. Тоа е екипата на Хјустон која на домашен терен ја победи Јута со 100:93. Најефикасен секако дека беше Харден со 26 поени.

https://youtu.be/eP6zzRe4sbA

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …