Дома Останати Кошарка Клиперси имаа предност од 24 поени и на крајот изгубија! (ВИДЕО)

Клиперси имаа предност од 24 поени и на крајот изгубија! (ВИДЕО)

nba

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни четири натпревари.

Клиперси одлично го отворија натпреварот и првата четвртина ја добија со 40:21. Предност имаа и на полувремето, за големиот пад да следи после враќањето од одморот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се разиграа тогаш Џон Вол и Бредли Бил и тие беа предводници на Вашингтон кој се доближи на само -11, до крајот на третиот период. Во последната четвртина беше видена голема борба. Две тројки уфрли Џеф Грин, а првото водство домаќините го имаа дури на три ипол минути пред крајот.

Со серија од 11:2 Визардси во последната минута имаа сигурна предност, па така и го добија мечот со 125:118.

Кај Клиперси најефикасен беше Тобијас Херис со 29 поени, додека на другата страна Џон Вол го заврши натпреварот со 30 поени, а Бредли Бил имаше 27.

Во останатите натпревари Торонто во драматична завршница го совлада Орландо со 93:91, Портланд беше подобар од Њујорк Никси со 118:114, додека Бруклин го совлада Мајами со 104:92.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хит изјава на Терзиќ: Кого сакам во финале? Нека има шест црвени картони!

Aко минатата година пред крајот на мај тагуваше поради загубената титула во последното кол…