Дома Останати Кошарка НБА Клиперси го запреа Дончиќ и го победија Далас, Денвер подобар од Вашингтон (ВИДЕО)

Клиперси го запреа Дончиќ и го победија Далас, Денвер подобар од Вашингтон (ВИДЕО)

Далас Маверикс изминатата вечер беа поразени од Лос Анџелес Клиперси со 114:99, додека Денвер го доби Вашингтон со 117:104.

Клиперси веднаш на стартот беа добро расположени на гостувањет во Тексас, па првото полувреме го завршија со дури 16 поени предност. Лука Дончиќ брзо беше двоцифрен, но на оваа средба имаше проблем со шутот од игра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во второто полувреме Клиперси продолжија да доминираат и Мавси во ниту еден момент не беа блиску до враќање во натпреварот. Разликата во еден момент беше и 24 поени.

Каваи Ленард и Пол Џорџ играа одлично за Клиперси, уфрлија 28, односно 26 поени, додека Лу Влијамс имаше 21 поен. Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 22 поени, осум скока и шест асистенции, што ако ги споредиме бројките од претходните натпревари можеме да кажеме дека Клиперси успеаа некако да го запрат.

Денвер клучната разлика против Вашингтон ја нправија во втората четвртина кога тој период го доби со 39:24. Наџентси водеа со 17 разлика на полувреме, а Визардси немаа начин да се вратат во мечот и Денвер констатно го држеше противникот на безбедно растојание. За Наџентси не беа проблем ниту 20. Изгубени топки како и слабиот шут за три поени бидејќи имаа дури 22 скока повеќе од противникот (58:36).

Кај скоковите се истакна Никола Јокиќ кој запиша 20, меѓутоа поентерски не беше премногу расположен и уфрли само осум поени, додаде и пет асистенции.

Во редовите на Денвер најефикасен беше Џереми Грент со 20 поени, додека Џордан Мекре на другата страна уфрли 21 поен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…