Утрово Македонија се разбуди со трагичната вест за смртта на македонската кошаркарска легенда, Благоја Георгиевски – Буштур.
Кошаркарскиот клуб Работнички преку социјалните мрежи се збогуваше со својата легенда.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не напушти најголемиот … не напушти единствениот репрезентативец на Бивша Југославија. Не напушти најголемиот играч на Работнички. Поголемиот дел од својата кариера ја посвети на Работнички. За Буштур, Работнички беше прва и единствена љубов. Почивај во мир , легендо секогаш ќе се сеќаваме на тебе … искрено сите фанови и симпатизери на Работнички“, стои на Фејсбук профилот на КК Работнички.