Дома Македонски спорт Мак баскет КК Пелистер се огласи за инцидентот: Редарите ги нападнаа нашите навивачи

КК Пелистер се огласи за инцидентот: Редарите ги нападнаа нашите навивачи

Третиот натпревар од финалната серија помеѓу МЗТ Скопје и Пелистер донесе инциденти на трибините.

Пред крајот на третата четвртина полицијата интервенираше на трибината кај гостинските навивачи. После тие инциденти екипата на Пелистер се повлече во соблекувалната, а по десетминутниот прекин страстите се смирија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес за целата ситуација се огласија од КК Пелистер.

„Соопштени до јавноста, во врска со инцидентот што се случи на трибините за време на натпреварот помеѓу КК МЗТ – КК ПЕЛИСТЕР. Кошаркарскиот клуб Пелистер целосно застанува зад навивачката група Чкембари бидејки истите воопшто не беа причинители за инцидентот.

Нашата навивачка група беше првично нападната од редарите, т.е. од лицата кои на трибините се задолжени да спречуваат инциденти а не да предизвикуваат инциденти.

Најостро го осудуваме овој нивен непрофесионален однос и се надеваме дека во иднина нема да бидеме сведоци на вакви немили настани.

Во Петок ги повикуваме Чкембарите и Битолските љубетли на кошарката во што помасовен број да ја исполнат спортската сала Боро Чурлевски и во една фер спортска и кошаркарска атмосфера да бидат нашиот 6ти играч во целта за изборување на мајсторка“, стои во соопштението од битолскиот клуб.

Фото: КК Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…