Пред почетокот на новата сезона во кошаркарското првенство, екипата на Пелистер го промовираше новото лого со кое се нагласува врската помеѓу клубот и градот.
Во логото се вметнати детали од Баба планина, Саат кулата и моликите кои важат за заштитни знаци на градот Битола.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Кошаркарскиот клуб Пелистер и Битола, отсекогаш била и ќе биде една нераскинлива врска меѓу нашиот колектив и градот од кој потекнуваме, градот со кој ги делиме сите наши радости и разочарувања, со надеж за уште поголеми успеси во иднина.
Токму затоа, во пресрет на новата натпреварувачка сезона управата на Пелистер се реши да го промовира новото лого на кошаркарскиот клуб, со нагласена симболика на „градот на конзулите“..
Во него се умешно вметнати детали од Баба планина, Саат кулата и од моликите, дел од заштитните знаци на нашата Битола.
Со гордост денеска и официјално го промовираме новото лого на клубот, со надеж дека оваа успешна приказна не само што ќе продолжи, туку ќе се развива до уште поголеми височини.
Исто така, со гордост можеме да најавиме дека во наредниот период на веб-страницата на КК Пелистер ќе биде официјално отворен и првиот онлајн-шоп, во кој ќе можат преку интернет да бидат реквизити на „зелено-белите“. Покрај отворањето на онлајн-шопот, истите реквизити ќе можат да се купат и во локална продавница што ќе биде објавена на денот на промоцијата на овој новитет на нашиот клуб“, стои во соопштението од битолскиот клуб.