Дома Македонски спорт Кирил Изов го објави списокот за натпреварите со Летонија и Луксембург

Кирил Изов го објави списокот за натпреварите со Летонија и Луксембург

Женската А репрезентација на Македонија ги продолжува европските квалификации за пласман на Светското првенство што ќе се одигра во Австралија и Нов Зеланд 2023 година.

Нашата селекција на 21. Октомври гостува во Рига против Летонија, а на 26. Октомври на домашен терен во Охрид, ја пречекуваме репрезентацијата на Луксембург.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот, Кирил Изов за квалификациските дуели ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Кристина Павловска (Деспина), Верица Колевска (Скопје 2014);

Одбрана: Радица Чонева (Истатов), Павлинка Николовска (Каменица Саса), Катерина Милеска (Деспина), Теодора Јанковска (Деспина), Кристина Петрушевска (Истатов), Елена Панеска (Каменица Саса), Ане Бошеска (Тиверија), Елма Шемсовиќ (Борец);

Среден ред: Сара Коларовска (Скопје), Елена Петровска (Скопје), Ана Димитровска (Каменица Саса), Хава Мустафа (Шкендија), Јана Чубриновска (Деспина), Синдис Положани (Ас Јунајтед), Теодора Ѓорѓиевска (Борец), Христина Јошевска (Каменица Саса);

Напад: Улза Максути (Ас Јунајтед), Афродита Салихи (Шкендија), Александра Марковска (Скопје), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Гентјана Рочи (Купс, Финска);

Македонската селекција е во групата „Д“ со Англија, Австрија, Северна Ирска, Луксембург и Летонија.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пиоли добива отказ. Милан бира помеѓу овие пет тренери

СТЕФАНО ПИОЛИ ќе биде тренер на Милан само до крајот на сезоната, по што ќе добие отказ, п…