Македонската ракометна легенда, Кире Лазров неодамна потпиша договор нов договор со екипата на Нант до 2021 година.
Овој договор ќе биде и последен во кариерата на Лазаров. Како што самиот потврди во интервју за „Балкан Хендбол“ Лазаров после овој договор ќе стави крај на неговата блескава кариера.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ќе се обидам луѓето да ме паметат по добро, да не се сеќаваат дека сум се влечел по теренот. Мислам дека овие две години ќе бидат последни во мојата кариера. Така и се договоривме со управата кога преговаравме за новиот договор. Од нивна страна тоа беше навистина коретно, им се случи и со Доминик кој ја заврши кариерата тука“, изјав помеѓу другото Лазаров.
Потоа тој зборуваше и за очекувањата за македонскиот ракомет после неговото пензионирање. Кире потенцираше дека очекува Македонија да остане силна и после неговото заминување.
Во продолжение погледнете го комплетното интервју во траење од скоро еден час на „Балкан Хендбол“ со македонската ракометна икона.