Дома Фудбал Англија Кин за бековите на Тотенхем: Глупавиот и тупавиот!

Кин за бековите на Тотенхем: Глупавиот и тупавиот!

Легендарниот Рој Кин работи како стручен коментатор, па во свој стил и без влакна на јазикот ги коментира натпреварите во Премиер лигата.

Па така после големото дерби помеѓу Ливерпул и Тотенхем, не штедеше зборови за бековите на „спарси“, Дени Роуз и Серж Орие.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Имено, Ливерпул доби огромна помош од противничите бекови при постигнувањето на двата гола, бидејќи најпрво Роуз го заборави својот човек во шеснаесетникот, а потоа Орие направи исклучително наивен и аматерски пенал.

„Овие двајца бекови на Тотенхем се ужасни. Јас би ги нарекол Глупавиот и Тупавиот. Мислам дека одиграа беден натпревар. Не можете никако да ги споредите со бековите на Ливерпул Александер – Арнолд и Робертсон, кои беа фантастични“.

„Посебно кога одеа во напад. Во дефанзива бековите на Ливерпул се ранливи, тоа противниците мора да го користат, но кога ќе тргнат во напад изгледаат моќно“, изјави Рој Кин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Критики за Јокиќ: Колку е добар кошаркар, толку е лош патриот

Легендата на југословенската кошарка, Зоран Славниќ испрати жестоки критики на сметка на Н…