Италијанските медиуми пренесуваат дека сопственикот на Милан Јанхонг Ли е во напредни преговори за продажба на акции од славниот италијански клуб.
УЕФА не верува во ликвидноста на кинексиот бизнисмен и не ги прифати финансискиот план на Милан, па најверојатно клубот ќе биде исфрлен од европските натпреварувања.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, сопственикот Јанхонг Ли е спремен да продаде дел од акциите и на маса веќе има три понуди. „Калчомеркато“ пренесува дека веќе има конкрентни преговори и дека наскоро Милан може да премине во рацете на американски сопственици.
Имено, американскиот милијардер Томас Рикетс и сопственик на бејзбол клубот Чикаго Клубс сака да го купи италијанскиот гигант. Тој доставил понуда од 500 милиони евра за 70% од акциите на клубот, со тоа што во наредните 24 месеци да го докупи и останатите 30% од акциите.
Преговорите се во тек, а италијанските медиуми тврдат дека доколку купопродажбата биде потпишана до крајот на месецот, можно е Милан да ја избегне казната од УЕФА бидејќи ќе премине во рацете на стабилна компанија која според „Форбс“ тежо 2,4 милијарди долари.