Поранешниот сопственик на Милан Јонгхонг Ли го обвини претседателот на Милан Паоло Скарони во интервју кое го даде за американскиот „Форбс“.
Ли беше сопственик на Милан во сезоната 2017/2018 додека Скарони беше член на извршниот одор. Многу брзо Ли поради финаниски проблеми го напушти клубот, а сега го истакна своето незадоволство.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Господинот Скарони беше убедлив, оставаше впечаток на личност која ги познава сите во Италија, посебно во Милано. Му верувавме, беше член на извршниот одбор, а сега е претседател. Не изигра сите. Баш како и ние, верувам дека фондот „Елиот“ е свесен дека Скарони ги користи информациите од клубот во своја корист. Сигурен сум дека тој е голем виновник за рушењето на нашиот проект“, изјави Ли.
Инаку, Ли беше многу оспоруван во јавноста и се поврзуваше со многу контроверзии од кога се појавија проблемите во Милано.