Дома Топ вести Кинезите не се шегуваат: Разбудениот Милан спреми 100 милиони за две нови ѕвезди!

Кинезите не се шегуваат: Разбудениот Милан спреми 100 милиони за две нови ѕвезди!

Преодниот рок сеуште официјално не е започнат, а Милан веќе договори три одлични трансфери, со што само ги потврди големите амбиции за следната сезона.

Гигантот од „Сан Сиро“ кој после три години се враќа во европските натпреварувања веќе потроши 65 милиони евра за три засилување – две во одбраната и едно во средниот ред.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од Виљареал пристигнува аргентинскиот дефанзивец Матео Мусакио за 18 милиони евра, а особено фановите се израдуваа на трансферот на Франк Кесие од Аталанта за кого „росонерите“ ќе искешираат 28 милиони евра.

Исто така Милан усшеа да ја победи конкуренцијата и за левиот бек на Волфсбург, Рикардо Родригез кој ќе се пресели на „Сан Сиро“ за 15 милиони евра плус 3 како бонуси.

Сепак, „росонерите“ не планираат да застанат туку и сакаат да донесат една голема ѕвезда во нападот кој ќе биде замена за Карлос Бака.

Првата и најголема желба е Алваро Мората од Реал Мадрид за кого Милан веќе спремил понуда од 70 милиони евра. Наводно „росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент, а офанзивата за неговиот потпис ќе ја започнат веднаш после финалето во Лигата на шампиони.

Како алтернатива на Мората се споменува името на Андреа Белоти од Торино чија цена исто така изнесува 70 милиони евра.

Притоа „росонерите“ сакаат да донесат и еден крилен напаѓач, а најголема желба е ѕвездата на Лацио Кеита Балде за кого интерес покажува и Јувентус. Новите директори на Милан веќе работат на овој трансфер и се спремни да платат 25 милиони евра за фантастичниот Сенегалец.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека за овие два трансфери Милан веќе спремил 100 милиони евра, а планира и дополнително да го засили средниот ред со уште една врвен играч за врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола откри зошто ги заменил Де Брујн и Халанд

Манчестер Сити вчера беше елиминиран од четвртфиналето во Лигата на шампионите од Реал Мад…