Дома Топ вести Кинезите не ги жалат парите: Мората е прва желба, погледнете го планот Б на Милан

Кинезите не ги жалат парите: Мората е прва желба, погледнете го планот Б на Милан

Алваро Мората и Андреа Белоти за сега се првите опции на Милан кога станува збор за нападот.

Милан ова лето ќе се обиде да доведе еден квалитен напаѓач и неколку фудбалери во оптек, a меѓу кандидатие се Мората и Белоти.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Мората во моментов е во Реал Мадрид, но наводно Милан е во сериозни преговори со шпанскиот напаѓач и некои медиуми објавија дека напаѓачот е веќе на пат за Милано.

Сепак, управата на „Росонерите“ има и план Б, а тој се вика Андреа Белоти. Напаѓачот на Торино има откупна клаузула од 100 милиони евра, но самиот играч потајно е навивач на Милан, па тоа, „Росонерите“ го гледаат како адут во трансферот и се надеваат дека можат да го донесат на „Сан Сиро“.

Милан е подготвен да понуди 70 милиони евра со 10 милиони бонуси.

Да резимираме, Мората е првата опција, а доколку пропадне трансферот, Милан ќе се обиде да го донесе Белоти од Торино, иако нема сомнеж дека тие се подготвени да донесат и неколку други опции на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Чистка“ во Арсенал: Артета продава трио од 140 милиони евра?

Тимот на Арсенал има одлична сезона во која до самиот крај се бореше за титулата во Премие…