Фудбалерот на Баерн, Џошуа Кимих верува дека еговиот тим вечерва ќе избори пласман во полуфиналето на ЛШ.
Баерн загуби во првиот натпревар во Минхен со 3:2, но во Париз ќе се обидат да го анулираат недостатокот и сепак да дојдат меѓу четирите најдобри екипи во Европа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Убеден сум дека ќе се пласираме понатаму, бидејќи сме подобар тим. Бевме подобри и во првиот натпревар, но за жал резултатот не го покажува тоа. Сепак, верувам дека ќе направиме пресврт во реваншот.“ – рече Кимих и додаде:
„Многу ќе зависи од нашиот менталитет, но и ефикасност. И во првиот натпревар покажавме добар менталитет, но овој пат мора да бидеме и ефикасни.“
Според кладилниците, Баерн е фаворит иако игра со истиот ривал кој пред една недела го порази на свој терен.
Баерн беше во слична ситуација и во 2018. година кога во полуфиналето против Реал на свој терен загуби со 2:1, но испадна после 2:2 во реваншот.