Дома Фудбал Германија Кимих: Нагелсман е во Топ 3 тренери во светот

Кимих: Нагелсман е во Топ 3 тренери во светот

Капитенот на Германија и ѕвезда на Баерн Минхен, Џошуа Кимих зборуваше денес на пресконференција пред мечот со Перу.

Логично новинарите најмногу се интересираа за тренерската рокада во Баерн Минхен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синоќа на големо изненадување Баерн реше да го отпушти Јулијан Нагелсман и на негово место да го донесе Томас Тухел.

„Апсолутно разбирам дека тоа е најжешка тема во моментов. Но, јас неможам да зборувам многу додека не се огласи клубот. Можам само да кажам дека Нагелсман за мене е во Топ 3 тренери во светот“, изјави Кимих.

„Се разбира дека ме интересира кога станува збор за тренерот во мојот клуб. Но додека сум со репрезентацијата не мислам на тоа. Меѓутоа, читам вести и се разбира дека ме засега кога станува збор за мојот клуб“, додаде Кимих.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…