Нерешено 1:1 заврши средбата меѓу Манчестер Јунајтед и Борнмут на отворањето на 27.коло од Англиското фудбалско првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јунајтед не успеа да го совлада аутсајдерот иако цело второ полувреме го играше со фудбалер повеќе, а Златан Ибрахимовиќ не реализира пенал во 72.минута.
Голот за домаќините го постигна Маркос Рохо во 23.минута, а конечните 1:1 ги постави Џошуа Кинг во 40.минута.
Резултатите од другите денешни дуели се:
Лестер – Хал 3:1
Стоук – Мидлзброу 2:0
Свонси – Барнли 3:2
Ватфорд – Саутемптон 3:4
ВБА – Кристал Палас 0:2
Ливерпул – Арсенал 3:1
Неделната програма ја сочинуваат:
Тотенхем – Евертон и
Сандерленд – Манчестер Сити.
Колото ќе биде комплетирано в понеделник со натпреварот Вест Хем – Челзи.