Македонската репрезентација денес го одигра вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 и изненадувачки бевме поразени од селекцијата на Грција 28:26.
Избраниците на Раул Гонзалес повторно одиграа лош натпревар (против Турција одигравме лошо, но победивме) и во салата во Кожани го претрпевме првиот пораз во вториот натпревар од квалификациите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Македонија на стартот од натпреварот натправи предност од три гола гола разлика, но домаќинот брзо се врати во натпреварот и потоа скоро во текот на целиот натпревар ние имавме предност од 1-2 гола разлика.
На полувреме заминавме со 12:13.
И во вториот дел гледавме слична ситуација на теренот. Водството го изгубивме на десетина минути пред крајот на натпреварот, кое домаќинот до крајот успеа и да го задржи.
Треба да се истакне дека голманот Никола Митревски веројатно беше единствениот кој беше на потребното ниво и натпреварот го заврши со 13 одбрани.