Баерн Минхен и официјално го промовираше Хари Кејн кој потпиша договор 2027 година.
Иако вчера се појавија информации дека Тотенхем сака да извлече повеќе пари во последен момент, па летот на напаѓачот беше одложен за неколку часа. На крајот трансферот на Кејн се комплетираше и тој ќе биде новата „деветка“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Баерн Минхен на Тотенхем за неговите услуги ќе му исплати сума од 100 милиони евра плус бонуси, додека целата сума може да достигне и 120 милиони евра со бонусите во договорот. Оваа сума е рекорд во германскиот фудбал.
Кејн би можел уште вечерва да дебитира, но и да освои трофеј затоа што се игра Суперкупот на Германија помеѓу Баерн и Лајпциг.