Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн ја продолжи голгетерската низа откако постигна гол во синоќешниот натпревар против Јувентус (2:2).
По асистенцијата на Деле Али, Кејн го совлада Буфон и погоди за 2:1 и тоа беше неговиот седми гол оваа сезона во Лигата на Шампионите. Со тој гол, се изедначи со Стивен Џерард како втор Англичанец кој постигнал толку голови во една сезона во ЛШ. Џерард тоа го направи во сезоната 2008/09.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Интерсно е тоа што Јуве на својот стадион не прими гол од 5. ноември, односно до вчера 826 минути.
Harry Kane’s goal. #JuveTOT #harrykane pic.twitter.com/JERl3WiTua
— Football_Center999 (@FCenter999) February 13, 2018