Дома Топ вести Кејн е фрустриран, Тотенхем не сака да преговара со Сити

Кејн е фрустриран, Тотенхем не сака да преговара со Сити

Хари Кејн инсистира да го напушти Тотенхем до крајот на преодниот рок, но е фрустриран од однесувањето на првиот човек на „спарси“ Даниел Леви.

Леви не го почитува џентлменскиот договор и не сака да разговара со Манчестер Сити и покрај тоа што „граѓаните” се подготвени да платат рекордни 125 милиони фунти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно, Леви го проценува Кејн на 150 милиони фунти и не сака да се откаже од фудбалерот по пониска цена, па воопшто не сака да преговара со „граѓаните“.

Таквата ситуација го фрустрира Кејн, кој има џентлменски договор со клубот, па затоа му е лут на првиот човек на Тотенхем.

Кејн сака да се бори за трофеи и да игра во Лигата на шампиони, а Тотенхем оваа сезона едвај избори пласман во Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…