Дома Фудбал Англија Кејн: Ако ја освоиме Лигата на нации ќе биде поголемо достигнување од полуфинале на СП

Кејн: Ако ја освоиме Лигата на нации ќе биде поголемо достигнување од полуфинале на СП

Репрезентацијата на Англија избори пласман во „фајнл-фор“ во Лигата на нации и ќе игра против Холандија во полуфиналето на 6 јуни, а во другиот дуел се среќаваат европскиот шампион Португалија и Швајцарија.

Првтаа ѕвезда на „Гордиот Албион“, Хари Кејн смета дека ако Англија ја освои Лигата на нации оваа година тоа ќе биде поголемо достигнување отколку пласманот во полуфиналето на Светското првенство во Русија минатото лето,


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Да имаш шанса да освоиш трофеј во дресот на Англија не се случува многу често. Ако ние го кренеме трофејот во Лигата на Нациите, во моите очи тоа е подобро постигнување од полуфиналето на Светското првенство во 2018-та година“, изјави Хари Кејн.

„Навистина се надевам дека ќе освоиме трофеј. Се разбира, 2018-та година беше фантастична за нас, но најважно е да се освојуваат важните натпревари, а исто така и трофеите. Тогаш можеме да кажеме дека сме постигнале нешто“, додаде напаѓачот.

Капитенот исто така смета дека духот е на високо ниво во соблекувалната, а благодарение на селекторот Герет Саутгејт е изграден добар колектив во кој нема значење клупската припадност на играчите.

„Знам како беше порано. Луѓето седеа на различни маси, кога ручаа и вечераа и зборуваа за различни нешта. Но сега сите сме заедно, дури играчите од Ливерпул и Манчестер Сити и тоа се гледа на теренот. Сигурен сум дека ќе продолжиме да се дружиме и да си испраќаме пораки кога ќе се вратиме во нашите клубови“, заклучи Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Обложувалниците веќе го прогласија Интер за шампион на Серија А

Обложувалницата Сисал  реши уште сега да почне да им исплаќа на оние кои се обложиле дека …