Дома Фудбал Кејлор Навас отворено: Откри кога се чуствувал најлошо и како му било со Солари на клупата

Кејлор Навас отворено: Откри кога се чуствувал најлошо и како му било со Солари на клупата

Додека Сантијаго Солари беше на клупата на Реал Мадрид Кејлор Навас веројатно ги поминуваше неговите најлоши денови во клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Костариканецот беше закован на клупата откако Солари седна на кормилото на Реал Мадрид и беше јасно дека ако Солари не заминеше, тоа ќе го направеше Навас. Сега со враќањето на Зидан во клубот се промени и ситуацијата со Навас. Уште на првиот натпревар по враќањето Зидан му го довери местото помеѓу стативите на Навас.

Сега Кејлор Навас зборуваше за неговите најтешки моменти.

„Добив голем излив на емоции кога видов дека ќе бидам дел од првиот тим против Селта. Додека Солари беше тука ми изгледаше дека сигурно нема да играм без разлика како се покажувам на тренинзите. Во натпреварот против ЦСКА во фазата по групи се чуствуваш најлошо. Тогаш шанса добија сите мои соиграчи кои имаа помала минутажа, а јас пак останав на клупата. Ми беше навистина тешко, но морав да ја прифатам ситуацијата и да продолжам да работам. Сега сум насочен кон иднината со Зидан“, порача голманот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…