Дома Фудбал Кепа најлош голман во историјата на Премиер лигата

Кепа најлош голман во историјата на Премиер лигата

Кепа Аризабалага пред две години стана најскапиот голман во историјата на фудбалерот кога Челзи за неговиот потпис плати 80 милиони евра.

Со оглед дека имаше само 23 години, челниците на лондонскиот клуб веруваа дека најдоа долгорочно решение за голманската позиција.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Но, набрзо почнаа проблемите, Кепа не ги оправда очекувањата, а оваа сезона во еден период го загуби и првотимскиот статус.

Кепа оваа сезона има очајна статистика, која вели дека Шпанецот е најлошиот голман во историјата на Премиерлигата, најлош од сите 760 голмани колку што бранеле. 

Само 54,5 отсто одбрани има шпанскиот голман откако Опта воведе детална статистика во Премиер лигата. Оваа сезона, кепа прими дури 47 погодоци, а на 14 од тие голови, голманот воопшто не ни реагирал.

Шпанецот прими дури 8% повеќе од сите голови на Челзи од 1992 година, а оваа сезона  секој втор шут кон него завршил во голот .

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: Дали ПСЖ го кажал последниот збор?

Денес продолжуваат натпреварите во Лигата на шампиони, а дербито се игра помеѓу Барселона …