Дома Фудбал Италија Кедира нема намера да го напушта Јувентус

Кедира нема намера да го напушта Јувентус

Играчот за врска на Јувентус, Сами Кедира изјави дека нема намера да го напушта италијанскиот клуб.

33-годишниот Кедира оваа сезона одигра само 17 меча за Јувентус и долго време се шпекулира со неговата иднина.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите тврдат дека има понуди од САД,а  наводно и самиот Јувентус е спремен да се ослободи од него.

„Се чувствувам одлично во Италија и во овој клуб. Играм во многу силен тим и имам големи амбиции да освојам што повеќе титули. Во моментов не гледам причина да одам во друг клуб бидејќи сум многу среќен во Јувентус, изјави Кедира.

Кедира има уште една година од договорот со Јувентус и сака да го одработи до крај, за следното лето да си замине како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупшти тренер Ерик Тен Хаг, тврдат медиуми…