Македонскиот алпинист Сашко Кедев го освои и четвртиот врв во светот и за него вкупно 10-ти со висина од над 8.000 метри.
Пред една недела Кедев стапна на врвот Макалу, а сега се искачи на Лоце на Хималаите кој е висок 8.516 метри. Следна цел за македонскиот алпинист ќе биде врвот Канченџунга кој е во висина од 8.586 метри.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Претходно Кедев покрај Макалу и Лоце ги искачи врвовите: Монт Еверест (8.848), Нанга Парбат (8.126), Анапурна (8.091), Чо Оју (8.188), Броуд Пик (8.051), К2 (8.611) и Далагири (8.167).