Кристиано Роналдо пред неколку дена и официјално стана нов фудбалер на Јувентус, а во актуелниот шампион на Италија ќе го носи дресот со број седум.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Роналдо одлучи да го носи дресот со својот омилен број кој пред неговото доаѓање беше во сопственост на Колумбиецот, Хуан Квардадо кој и воопшто не правеше проблем и со задоволство му го отстапи својот број на Португалецот.
Потоа следуваше интересен потег на фудбалерот на Јувентус. Тој преку Твитер направи гласање и остави навивачите да го изберат неговиот нов број.
Во понудата Квардадо вклучи четири бројки: 16, 21, 49 и 10. Интересно е што во изборот беше вклучена и „десетката“ која му припаѓа на Паоло Дибала.
На крајот најмногу гласови доби бројот 49.
Y ahora… ¿Qué número para próxima temporada? ?
E ora … quale numero???♂️ @juventusfc @PauDybala_JR ??? #ForzaJuve
— Juan Cuadrado (@Cuadrado) July 13, 2018