Дома Македонски спорт Мак ракомет Квалификации за ЕП 2020: Македонија стартуваше со победа против Турција

Квалификации за ЕП 2020: Македонија стартуваше со победа против Турција

Репрезентацијата на Македонија вечерва славеше победа од 31:27 во првиот квалификациски за ЕП 2020 натпревар против Турција.

И пред стартот на натпреварот важевме за големи фаворити, па победата беше и очекувана иако мора да се признае играта не беше на потребното ниво и славевме само затоа што имавме послаб противник.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Го контролиравме резултатот во текот на целиот натпревар, но доколку сакаме поголем успех избраниците на Гонзалес ќе мора да ја подобрат формата.

Капитенот на Лазаров беше најефикасен во нашиот тим со осум погодоци, шест постигна Манасков, а со по четири погодоци следуваат Георгиевски, Стоилов и Талески.

Во вториот натпревар од квалификациите во недела Македонија ја очекува натпревар против Грција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар се засили со нов ракометар!

Вардар активно работи на засилувања што ќе можат да одговорат на барањата на стручниот шта…