Дома Фудбал Италија Квадрадо: Ова ќе биде најубавото Скудето!

Квадрадо: Ова ќе биде најубавото Скудето!

Хуан Квадрадо е пред освојувањето на третото Скудето со дресот на Јувентус, но тврди дека ова ќе биде најубавото од сите претходни.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Квадрадо и оваа сезона даде голем придонес во својувањето на Скудетото, особено важен беше неговиот гол во победата над Интер на „Џузепе Меаца“ пред две недели.

„Среќни сме што Скудетото е на само еден чекор. Задоволни сме, но треба да бидеме смирени бидејќи потребен ни е само уште еден бод. Треба да дадеме се од себе до самиот крај и да победиме на следниот меч“, изјави Квадрдадо.

„Можеби ова е најубавото Скудето бидејќи најтешко стигнавме до него и беше најоспорувано. Но, победата на овој начин го прави успехот уште поголем. Сакаме да го освоиме Купот, но знаеме дека нема да биде лесно против Милан. Ќе дадеме се од себе да ја освоиме двојната круна“, заклучи Колумбиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познато е кога ќе биде донесена одлуката за судбината на Реал Мадрид!

Реал Мадрид се подготвува за избор на претседател кој ќе го води клубот во следните неколк…