Дома Фудбал Катастрофална партија: Дембеле загубил 14 топки за едно полувреме

Катастрофална партија: Дембеле загубил 14 топки за едно полувреме

Ѕвездата на Барселона, Осман Дембеле беше меѓу најслабите на теренот на синоќешниот натпревар против Гетафе, во кој Каталонците беа поразени со 1:0.

Францускиот фудбалер започна како стартер за прв пат по 325 дена и разочара. Дембеле играше на лево крило и неговите пробиви премногу често завршуваа со одземена топка од противникот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Според статистичките податоци објавени во „АС“, тој изгубил дури 14 топки само во првото полувреме. Дембеле одигра 62 минути и загуби вкупно 16 топки. Освен тоа, Осман пропушти седум обиди да додаде до своите соиграчи.

Дембеле не се најде на чело на негативното рангирање по овој индикатор. Сержињо Дест загуби 23 топки и не успеа во 11 обиди за додавање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола конечно ја откри вистината за гребаниците: Пијам лекови

Менаџерот на Манчестер Сити на прес-конференција во пресрет на дербито со Манчестер Јунајт…