Дома Фудбал Останато Катарците „финансиски одговорни“: Го намалија буџетот за Светското првенство во 2022

Катарците „финансиски одговорни“: Го намалија буџетот за Светското првенство во 2022

Домаќинот на фудбалскиот Мундијал во 2022 година Катар го намали буџетот за овој настан. Во образложението се истакнува дека тоа се прави од „финансиска одговорност“.

„Рано го донесовме буџетот и се обврзавме дека ќе го намалиме, кога состојбата на пазарот ќе биде појасна“, изјави катарскиот функционер Хасан Ал Тавади.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Тој истакна дека Катар во кандидатурата навел дека планира изградба на 12 стадиона, а сега има предлог од осум, што е минимумот што го бара ФИФА. Иако, Светската фудбалска федерација се уште не дала потврда. Според тоа се очекува сега да бидат потрошени меѓу осум и десет милијарди долари.

Катар веќе чувствува финансиски последици од падот на цената на нафтата и гасот на светскиот пазар и веќе во некои области се воведени мерки на штедење.

Ако се случи ФИФА да го прифати предлогот на Катар, Мундијалот ќе се игра на најмал број стадиони по шампионатот во Аргентина одржан 1978 година, кога беа користени шест стадиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Пиоли доби отказ од Милан!

Се најавуваше дека Стефано Пиоли ја одработува последната сезона на клупата на Милан, а се…