Дома Топ вести Каталонски „Спорт“ тврди: Фудбалерите на Барса го бараат Кутињо!

Каталонски „Спорт“ тврди: Фудбалерите на Барса го бараат Кутињо!

coutinho

Во текот на изминатото лето екипата на Барселона правеше огромни напори да го доведе Фелипе Кутињо, но сепак Ливерпул не попушти, па Бразилецот остана на „Енфилд“

Сепак, Фелипе Кутињо и понатаму продолжи да се поврзува со Барселона. Каталонскиот ‘Sport’ денес ја посвети својата насловна страница на човекот кој важи за голема желба на Барселона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Каталонскиот медиум пишува дека фудбалерите на Барселона, побарале од управата Кутињо да биде доведен во следниот преоден рок. Од друга страна Ливерпул е отворен да преговара за неговиот трансфер, но сумата сигурно не би била помала од 150 милиони евра.

Да потсетиме во Барселона во летниот преоден рок пристигнаа Паулињо и Осман Дембеле. Дембеле се очекуваше да биде големо засилување, но се повреди во својот прв настап за Барселона, но сега е спремен за враќање на терените.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ПСЖ спреми богати понуди за две ѕвезди од Серија А

ПСЖ веќе ја започна потрагата по замена за Килијан Мбапе, кој ова лето ќе го напушти клубо…