Познати деталите, според локалните медиуми се е договорено…
Кога после епската победа на Рома во ¼ финалето од Лигата на шампионите и елиминацијата на Барселона изјави дека тоа можеби е и неговиот последен натпревар во елитното натпреварување, малку кој сакаше да поверува, но изгледа е навистина така.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не е ништо официјално потврдено, но локалните медиуми во Каталонија пренесуваат дека Иниеста постигнал договор со тимот на Тијанџанин од Кина.
Наводно, Шпанецот со клубот од Далечниот Исток би требало да потпише договор вреден 37 милиони евра! Се наведува дека би бил од траење од три години, што значи дека по сезона би требало да добива околу 12.3 милиони евра бруто. Односно, ако данокот во Кина е 45% би требало да инкасира нешто повеќе од 5.5 милиони евра годишно.
И понатаму не е позната висината на оштетата бидејќи Иниеста со Барселона има важечки доживотен договор