Дома Топ вести Каталонија слави: Меси става потпис на најскапиот договор во историјата!

Каталонија слави: Меси става потпис на најскапиот договор во историјата!

Ако им се верува на шпанските медиуми наскоро Лео Меси ќе стави крај на сите шпекулации и ќе потпише нов договор со Барселона кој ќе биде најскап во историјата на фудбалот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Меси и раководството на Барселона веќе подолго време се во преговори, а според радиото „Кадена КОП“, постигнат е договор и Аргентинецот ќе го потпише новиот договор на 1. Јули.

Барселона го убедува Меси речиси цела сезона да потпише нов договор, но фудбалерот ја одби првата понуда, која според шпанските медиуми изнесувала помеѓу 30 и 35 милиони евра годишно.

Поради тоа од „Камп Ноу“ ја зголемија понудата, па шпанските медиуми тврдат дека Меси со новиот договор ќе заработува неверојатни 40 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…