Дома Фудбал Англија Каталонецот пред големото дерби ги почести со убави вести навивачите на „Граѓаните“

Каталонецот пред големото дерби ги почести со убави вести навивачите на „Граѓаните“

Во недела на програмата е големото дерби помеѓу Манчестер Јунајтед кој на „Олд Трафорд“ ќе го пречека градскиот ривал, Манчестер Сити.

Давид Силва, кој го постигна погодокот за победа против Вест Хем, во изминатото коло беше под знак прашање за претстојниот дуел, дури и Гвардиола изјави дека Шпанецот не се чувствува најдобро по тој меч, а некогашниот играч за врска на Валенсија не отпатува со екипата во Украина на мечот од последното коло во групната фаза од ЛШ против Шахтјор.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гвардиола сепак на конференцијата за медиумите во пресрет на дербито потврди дека Шпанецот ќе биде подготвен.

„Тој ќе игра. Дкторот на почетокот на неделата истакна дека постои сомнеж и затоа го кажав тоа, но денес откако пристигна ми кажа дека е сосем добро, па ќе игра“,истакна Гвардиола.

Од друга страна, Мурињо нема да може да смета на Пол Погба, кој заработи црвен картон пртив Арсенал, додека Немања Матиќ има проблем со повредата, но се очекува да биде во состав против „Граѓаните“.

Што се однесува до оние кои подолго се надвор од теренот, Гвардиола не може да смета на Менди и Стоунс, додека Мурињо на располагање нема да ги има Баи и Керик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…