Како што пренесуваат португалските медиуми, Икер Касиљас ќе остане уште една година во редовите на португалскиот шампион, Порто.
Касиљас пред три години пристигна на „Драгао“ од мадридски Реал, оваа сезона често беше и на клупата, со оглед на тоа дека шанса добиваше младиот Жосе Са, но запиша 19 настапи во Примера и уште три во Лигата на шампионите, како и четири во португалскиот куп.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Одлучи сепак да остане во редовите на португалскиот клуб и следната сезона, ќе парафира едногодишна соработка, а притоа прифати и намалување на платата.
Имаше разни приказни врзани за Касиљас во изминатиот период, со оглед на тоа дека му истекува договорот со Порто на крајот од сезоната, често беше поврзуван со заминување од Португалија дури и со преминување во Премиер лигата.
Сепак, Касиљас одлучи да остане на „Драгао“, ќе бидиме дали и својата професионална кариера ќе ја заврши токму во дресот на Порто.