Дома Топ вести Касемиро низ солзи: Со Крос и Модриќ испишувавме историја, ова е најголемиот клуб во светот – ќе се вратам еден ден!

Касемиро низ солзи: Со Крос и Модриќ испишувавме историја, ова е најголемиот клуб во светот – ќе се вратам еден ден!

Бразилскиот фудбалер Касемиро денес се прости од Реал Мадрид.

Касемиро ги изненади сите со одлуката да го напушти Реал Мадрид и кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед. Бразилецот денес со солзи се збогуваше од „кралевите“ каде што остави навистина голема трага.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Флорентино Перез на почетокот на прес-конференцијата му се заблагодари на Касемиро за се што даде за Реал и му порача дека вратата на Реал Мадрид за него секогаш ќе биде отворена.

Касемиро по излегувањето пред присутните не можеше да ги сокрие солзите и беше јасно дека со тешко срце заминува од Мадрид. Посебно Касемиро ги издвои своите партнери од средниот ред, Лука Модриќ и Тони Крос.

„Екипата има 25 фудбалери, но јас морам да зборувам за нив двајца. Уживав играјќи со Модриќ и Крос и им благодарам што од мене направија таков фудбалер. Испишавме историја и поради тоа Реал Мадрид секогаш ќе биде најголемиот клуб во светот“.

„Сигурно ќе се вратам еден еден. Ќе продолжам да му помагам на клубот затоа што ова е мој дом. Тука научив многу и се нмадевам дека сето тоа ќе го пренесам во Манчестер Јунајтед. Им благодарам на сите, претседателот, соиграчите и навивачите кои секогаш веруваа во мене“.

„Кога дојдов тука, не познавав никого. Јас и мојата сопруга започнавме од почеток, но тука добивме вистинско семејство. Клубот веруваше во мене и не можев ниту да замислам какви усепси ќе направиме. Среќен сум што бев дел од историјата на најголемиот клуб во светот“, порача Касемиро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …