Дома Фудбал Италија Касано: Штом Јуве ги запре платите, значи сезоната нема да заврши

Касано: Штом Јуве ги запре платите, значи сезоната нема да заврши

Поранешниот италијански репрезентативец, Антонио Касано смета дека одлуката на Јувентус да ги запре платите на фудбалерите за следните 4 месеци е знак дека сезоната во Серија А нема да заврши.

Во моментов Серија А како и останатите првенства во Европа се во прекин поради коронавирусот, па се разгледуваат секакви начини како да се заврши сезоната, но постојат и големи шанси истата да биде прекината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Штом Јувентус ги запре платите, тоа значи дека готово сигурно сезоната нема да продолжи. Друго објаснување за тоа немам. Тоа значи дека Јуве веќе ја знае одлуката на властите, инаку немаше да го направат тоа“, смета Касано.

„Правилно е да се намалат платите во Серија А, меѓутоа во подолните лиги треба да се најде начин да се исплатат платите во целост, бидејќи тами има фудбалери со многу ниски примања. Мислам дека сезоната не треба да биде прекината, но нема шанси таа до продолжи до средината на мај, а тоа значи дека ќе заврши дури во август. Тоа може да биде проблем“,додаде Касано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бразил на Копа Америка без три големи ѕвезди

Селекторот на Бразил, Доривал Жуниор го објави списокот за Копа Америка, иако до почетокот…