Дома Фудбал Останато Касано до Донарума: Ако си најдобар зошто одиш во ПСЖ?

Касано до Донарума: Ако си најдобар зошто одиш во ПСЖ?

Француски ПСЖ ова лето доведе неколку големи засилувања во своите редови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Помеѓу фудбалерите кои пристигнаа е и италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума (22) кој со францускиот вицешампион потпиша договор до 2026 година.

Донарума при заминувањето од Милан ги разочара навивачите на овој клуб, а жестоки критики на негова сметка испрати Антонио Касано.

Според него Донарума не требало да премине во ПСЖ.

„Ако е најдобар голман на светот зошто не оди во Баерн, Реал или Барселона? Ноер има 36 години, па ако Донарума е најдобар нека го предизвика него, Тибо Куртоа или Тер Штеген. Доби го нивното место ако си најдобар. Место тоа тој отиде во ПСЖ“, изјави Касано.

Инаку медиумите во Франција шпекулираат дека местото прв голман на Донарума не му е загарантирано и во Париз, наводно Покетино верува во Кејлор Навас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Керик остана без голема желба: Бразилецот го одби Манчестер Јунајтед и потпиша тригодишен договор

Мајкл Керик сè уште официјално не започна да го составува тимот за новата сезона, а Манчес…