Дома Фудбал Италија Касано: Ако Иличиќ беше на местото на Дибала во Јувентус цел свет ќе зборуваше за него

Касано: Ако Иличиќ беше на местото на Дибала во Јувентус цел свет ќе зборуваше за него

Поранешниот италијански репрезентативец, Антонио Касано е воодушевен од настапите на Јосип Иличиќ во дресот на Аталанта.

Фудбалерот кој е роден во Прејдор сезонава игра во животна форма. Иличиќ на 29 натпревари постигна 21 гол и запиша 9 асистенции. Со оглед на неговата висина (190 сантиметри) многумина се фасцинирани со каква леснотија игра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Антонио Касано смета дека Иличиќ би бил многу повеќе популарен ако играл во Јувентус.

„Ако Иличиќ го запознаеше Гасперини пред десетина година би станал еден од најдобрите пет играчи во светот. Да е на местото на Дибала во Јувентус, цел свет сега би зборувал за него“, изјави Касано.

Касано има и предлог засилување за клубовите од Серија А.

„Карасчак од Ривер! Тој е 20 годишниот Кака“.

Не можеше, а да не биде запрашан за ситуацијата со коронавирусот во Италија.

„Ако луѓето продолжат да излегуваат вака ќе биде до 2040 година. Пред две недели мислев дека ова е нешто површно, но сега се гледа дека треба да се плашиме. Останете дома, гледајте филмови и правете деца“, советува поранешниот играч на Рома, Реал, Милан и Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …