Дома Топ вести Карлос Тевез, Марио Балотели и Чичарито од ова лето во ист клуб?!

Карлос Тевез, Марио Балотели и Чичарито од ова лето во ист клуб?!

tevez, baloteli, chicharito

Според најавите на медиумите, Карлос Тевез, Хавиер Ернандез Чичарито и Марио Балотели од лето би можеле играат во ист тим!

Мексиканецот Чичарито изгледа дека ова лето со сигурност ќе ја промени средината. Напаѓачот на Вест Хем не успева да се избори за место во првиот тим во таборот на „чеканите“. Менаџерот Дејвид Мојс го смета за алтернатива и напаѓачот во главно влегува од клупата за резерви.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Доколку навистина заминува какви што се најавите понуди нема да му недостасуваат, а најголем интерес владее од САД од американската МЛС лига.

Дури пет клуба покажаа интерес за Ернандез и тоа Лос Анџелес ФК, Колорадо Рапидс, Реал Солт Лејк, Колумбус Кри и главниот и најинтересен фаворит Ди Си Јунајтед. Тимот од Вашингтон има голем амбиции во летниот преоден рок, а според пишувањето на американските медиуми покрај Чичарито на нивната листа со желби се наоѓаат уште Балотели (Ница) и Тевез (Бока).

Нема сомневање дека доколку овој клуб успее во својата намера и ги доведе би формирал фантастичен напад.

Балотели од лето е слободен играч, додека сопствениците на Ди Си Јунајтед за Чичарито и Тевез би морале да издвојат одредена сума.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…