Дома Останати Кошарка НБА Кари блеска како во најдобрите денови, Јокиќ одличен, но Денвер поразен 🎥

Кари блеска како во најдобрите денови, Јокиќ одличен, но Денвер поразен 🎥

Во изминатата ноќ се одиграа шест натпревари во НБА лигата.

Голден Стејт Вориорси славеа во Кливленд со 104:89, а маестрален настап имаше Стеф Кари. Кари натпреварот го заврши со 40 поени, шест асистенции четири скока. Герланд уфрли 25 кај Кливленд, додека повратникот Кевин Лав постигна 17 поени и додаде седум скока.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Никола Јокиќ имаше учинок од 30 поени, 10 скокови и 7 асистенции, но ниту таквиот настап на српскиот репрезентативец не помогна Денвер да го избегне поразот против Филаделфија. Иако ослабен со неиграњето на Џоел Ембид гостите славеа со 89:103.

Мемфис предводен од Морант со 28 поени славеа против ЛА Клиперси со 120:108. Гостите без Каваи Ленард доживеаа нов пораз, а најдобар во нивните редови беше Пол Џорџ со 23 поени, пет скока и шест асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Голден Стејт 89:104, Мајами – Вашингтон 112:97, Мемфис – Клиперси 120:108, Минесота – Сан Антонио 115:90, Денвер – Филаделфија 89:103, Јута – Торонто 119:103.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…