Дома Фудбал Англија Карагер без „влакна на јазикот“: Премиер лигата станува „смешна“!

Карагер без „влакна на јазикот“: Премиер лигата станува „смешна“!

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул и легенда на овој клуб, Џејми Карагер остро ги нападна, условно кажано помалите клубови во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот помеѓу Њукасл и Манчестер во кој „граѓаните“ славеа со 1:0 послужи како повод, Карагер да ги прокоментира случувањата во Премиер лигата.

„Навистина стана срамно како екипите од долниот дел од табелата играат против најдобрите екипи во првенството. Не само Њукасл, туку сите послаби екипи. Тоа навистина стана срамно, лигата станува смешна. Kлубовите од врвот се многу понапред од оние на дното“, изјави Карагер.

„Тие клубови како уште пред почетокот на натпреварот да го прифатиле поразот и за нив изгледа е се во ред додека губат со 0:1 или 0:2. Во минатото оваа лига се одликуваше со тоа што секој тим даваше се од себе да победи, без разлика против кого играат“, изјави Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Летово ќе видиме преседан: Вакво нешто никогаш не се случило на Светско првенство!

За првпат во својата историја, Канада се пласираше во нокаут-фазата на Светското првенство…