Дома Македонски спорт Капитенот не размислува за крај: Кире потпиша нов договор со Нант! (ВИДЕО)

Капитенот не размислува за крај: Кире потпиша нов договор со Нант! (ВИДЕО)

Македонската ракометна икона стави потпис на нов договор со тимот на Нант кој ќе има важност до 2021 година.

Според новиот договор Лазаров воопшто не размислува за крај на кариерата и по истекот на овој договор со францускиот клуб ќе има 41 година!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот клуб на својот сајт со големо задоволство објави дека потпишува нов договор со нашиот капитен, а задоволство истакна и Кире.

„Навистина сум среќен што продолжувам со Нант уште две години. Тука дојдов затоа што знаев дека ова е тим кој има карактер. На почетокот не беше баш лесно, имав амбиции, но проблем ми беше јазикот, сега ситуацијата е подобра. Се чуствувам одлично и го засакав клубот и навивачите. На секој натпревар играме пред полна сала и тоа е голема привилегија. Јас сум лојална личност и сакав да возвртам за довербата која ми беше дадена“, изјави Лазаров.

Дека ситуацијата со јазикот е навистина подобра можевме да се увериме и во интервјуто на Французите со нашиот капитен пред неколку дена (тука)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…