Тимот на Пелистер полека го гради тимот со кој наредната сезона ќе се натпреварува во Втората македонска лига и ќе се обиде да се врати во елитата.
Во изминатиот период битолскиот состав претстави неколку нови фудбалери, а се продолжија и договори на актуелни играчи. Така потпис на нова соработка стави и капитенот Христијан Драгарски.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Капитенот Христијан Драгарски и понатаму останува верен на клубот и ќе ги брани боите на клубот и во наредната сезона.Сметаме дека столбот на одбраната на ФК Пелистер со неговите соиграчи кои се приклучија во оваа сезона ќе бидат фаворити за освојување на првото место“, соопштија од Пелистер.
Фото: ФК Пелистер