Дома Фудбал Капитенот на Шпанија исвиркан на Бернабеу, тренерот: Душата ме боли, се срамам

Капитенот на Шпанија исвиркан на Бернабеу, тренерот: Душата ме боли, се срамам

Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте изјави дека душата го боли поради свирежите што дел од публиката на стадионот „Бернабеу“ му ги упати на Алваро Мората на пријателскиот натпревар против Бразил (3:3).

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Напаѓачот на Атлетико Мадрид, кој го започна натпреварот против Бразил, имаше лоша ноќ и беше исвиркан од дел од навивачите во текот на натпреварот. Поранешниот играч на Реал Мадрид беше исвиркан и кога беше заменет во 81. минута.

„Душата ме боли кога капитенот на репрезентацијата ќе биде исвиркан во мојата земја. Ја чувствувам болката.

Навивачите на Бернабеу беа неверојатни, но како Шпанец се срамам кога ќе биде исвиркан шпански репрезентативец“, изјави Де ла Фуенте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

До вчера сите го гледаа во Барселона, а потоа пристигна повик – од Жозе Мурињо!

Бернардо Силва e „златната кокошка“ на летото 2026 година, бидејќи стана слободен играч и …